Четириесетина моторџии, членови на двата кочански мотоклуба „Желки“ и „Strong Riders“, по повод новогодишните празници приредија мотодефиле низ Кочани.

Во облеката на Дедо Мраз, тие на децата во Градскиот парк им поделија новогодишни пакетчиња.

Новогодишни пакетчиња за најмладите сограѓани подарија и Територијалната противпожарна единица – Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани, кои со противпожарно возило го донесоа Дедо Мраз во паркот и приредија незаборавно доживување.