Јавен повик до граѓаните за учество во креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година
Општина Кочани го започнува процесот на креирањето на Буџетот за 2024 година.
Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности.
Предлозите може да бидат од сите сфери на надлежност на локалната самоуправа:
- комунални дејности,
- урбанистичко планирање,
- заштита на животна средина,
- локален економски развој,
- образование,
- култура,
- социјална заштита,
- здравствена заштита,
- спорт и млади,
- поддршка на граѓанскиот сектор,
- меѓународна соработка.
Потребните податоци, предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани: www info@kocani.gov.mk. Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: info@kocani.gov.mk (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 20 октомври 2023 година.