Триесет и второто издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ заврши со концертот „Македонијо, во срце те носиме“ во Градскиот парк во Кочани.

Популарни музички имиња од Македонија исполнија познати родољубиви народни и забавни рефрени во нов аранжман.

Градскиот парк беше преполн со љубители на македонската музика и на манифестацијата посветена на кочанското бело злато.