В среда, на 20 септември, со почеток од 18 ч. во салата на Мултикултурниот центар Кочани ќе се одржи јавна расправа за замената на постоечките и инсталацијата на нови водомери во водоснабдителниот систем на КЈП „Водовод“, во рамките на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“.
За реализација на овој проект е потпишан договор за грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, а е кофинансиран од Општина Кочани.
Општина Кочани ги повикува граѓаните да се вклучат во јавната расправа.