Започна реализацијата на проектот за изградба на делови од фекалната канализациска мрежа во населеното место Оризари.

По спроведената постапка за јавна набавка, потпишан е договор со изведувачот „КОП инженеринг“ и во тек е изградбата на делови од канализацијата на улицата „Маршал Тито“ во Оризари.

Со проектот е планирано да се градат седум краци од канализацискиот систем, со вкупна должина од 595 м, на различни локации во Оризари.

За оваа инвестиција се наменети 5.341.000 денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите се од Буџетот на Општина Кочани.