Жителите на Општина Кочани кои имаат материјална штета предизвикана од невремето (поплава) што го зафати подрачјето на општина Кочани на 17 јуни и на 25 јуни 2023 година, можат да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Кочани – Комисија за проценка на штети предизвикани од елементарни непогоди (поплава), најдоцна до 12 јули 2023 година.

 

Пријавата за штета може да се подигне од Eдношалтерската канцеларија во Oпштината или да се преземе од веб-страницата на Општина Кочани.

 

Кон пријавата треба да се приложат:

  • копија од лична карта
  • копија од трансакциска сметка
  • фотографии од настанатата штета (отпечатени на хартија)
  • фотокопија од имотен лист
  • фотокопија од договор за закуп.

 

Линк до образецот за пријава на штета.

Електронска пријава за штета