По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до сите верници од исламска вероисповед, во која изрази искрени честитки и желби за добро здравје, радост и благосостојба.

– Празникот на солидарноста, милосрдието, дарежливоста и човечноста нека биде мотив да живееме во разбирање, почитување и хармонија и во соживот да градиме поубава иднина за нашата општина и за сите нејзини граѓани. Честит Курбан бајрам – стои во честитката од градоначалникот Папазов.