Синоќа во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, концерт одржа квартетот флејти „Аулос“.
Публиката имаше можност да проследи популарни дела од Моцарт, Чајковски, Бизе, најавувани од самите изведувачи.
Камерниот состав „Аулос“ е присутен на музичката сцена седум години, а во него настапуваат Марија Јакимовска, Ангелина Катмерова Алексова, Тамара Џајковска и Богдана Бушевска. Тие се магистрирани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорите Страшо Темков (флејта) и Гордана Јосифова Неделковска (камерна музика).
Четирите флејтистки од „Аулос“ концертот го завршија со делото „Ја излези, Ѓурѓо“,чиј аранжман за нив го подготвил познатиот Дамир Имери.
Концертот во Кочани се одржа во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.