Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кочани аплицираше со проект за „Рехабилитација на две локални улици, „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“, во Општина Кочани”.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ „Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот „Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 08.05.2023 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

 

КОНТРОЛНА ЛИСТА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ (ПУЖССА)  Рехабилитација на две локални улици, „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“, во Општина Кочани

Формулар за поднесување коментари