Снежната покривка на Осоговските Планини по автоматизам го зголеми интересот кај љубителите на зимските спортови и на рекреативците да го посетат спортско-рекреативниот центар Пониква.
Поради зголемената посетеност и поголемиот сообраќаен метеж во текот на изминатите викенди, членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани активно асистираа на терен за непречено одвивање на сообраќајот, како и обезбедување олеснет пристап до паркинг места.
Благодарност од Општина Кочани до членовите на ДПД – Кочани за нивниот придонес, за одличната соработка и координација со Општината, како и до сите останати институции кои беа вклучени за непречено одвивање на сообраќајот.
Воедно се упатва апел кон сите граѓани и посетители на спортско-рекреативниот центар Пониква за совесно и одговорно однесување кон животната средина.