За време на викендот 24 и 25 декември, беа одржани Новогодишни концерти на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари.
На 24 декември (сабота) беше одржан концерт со играорната група во Домот на културата во Зрновци, додека на 25 декември (недела) по 21-ви пат беше одржан традиционалниот концерт во Домот на културата во Оризари.
Во изминатата 2022 година, ФА „Љупчо Сантов“ имаше учество на 24 фестивали и манифестации во Македонија со 59 настапи, успешно презентирајќи го изворниот фолклор од Осоговијата.
Од ФА „Љупчо Сантов“ најавуваат дека и во 2023 година имаат предвидено богата програма со учество на фестивали и манифестации во Македонија и странство.