Заблеска новогодишниот сјај во кочанскиот Градски парк. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници Градскиот парк ќе биде местото каде нашите сограѓани ќе имаат можност да уживаат во новогодишниот амбиент, исполнет со убава енергија, насмевски и забава.

Оваа година за прв пат се организира Новогодишен базар од страна на Пролет Бар, во соработка со Општина Кочани. Во склоп на овогодинешната новогодишна организација ќе биде исполнета и музичка програма со настапи на домашни музички изведувачи.

Оваа година традиционалниот Новогодишен концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“ за прв пат ќе се одржи на отворено во Градскиот парк во деновите:  27.12.2022 во 15 часот, на 28.12.2022 во 12 часот и на 29.12.2022 во 17 часот.