Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа.
Согласно Статутот на Општина Кочани, изборот на нови членови ќе се реализира на собири на граѓани за четири месни заедници, планирани за средината на декември.
На 15 декември, во 16 ч., во ресторанскиот објект е закажан изборот на нови членови за месната заедница Долни Подлог.
На 20 декември, со почеток во 16 ч., собир на граѓани ќе се одржи во селото Нивичани, во училишната зграда, каде ќе се избираат новите членови за месните заедници Нивичани, Пантелеј и Рајчани.