Општина Кочани објави повторен оглас за организирање Новогодишен базар, по пат на јавно наддавање.

Огласувањето следува по првичната објава, на која беше пријавен само еден учесник. На повторниот повик, доколку се јави и само еден учесник, наддавањето ќе биде реализирано. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 30 илјади денари, со минимален праг на наддавање од 3 илјади денари. Јавното наддавање ќе се спроведе в понеделник, 5 декември, во 12 ч. во просториите на Општина Кочани. Право на учество имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација.

Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела во Градскиот парк во Кочани, во периодот од 23 декември 2022 г. до 8 јануари 2023 г. Општина Кочани ќе го подготви  и ќе го украси просторот на кој закупецот треба да постави десет монтажни објекти и штандови изработени од дрво и плексиглас, наменети за продажба на храна, пијалаци, сувенири, ракотворби…