На сите граѓани на Кочани, на сите Македонци ширум светот им го честитам големиот национален празник – Илинден.
Двата Илиндена, од 1903 и 1944 се симбол на победата и на македонскиот непокор.
На овој празник со пиетет се потсетуваме на херојските визии и дела на нашите предци и на нивниот сон, остварен речиси еден век по првиот Илинден – суверена и независна Република Македонија.
Аманетот на илинденците е наша обврска – да го достигнеме нивниот идеал за стабилна и просперитетна Македонија.
Нека ни е вечен и честит Илинден.
Да ни е вечна Македонија!
Градоначалник,
Ратко Димитровски