Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 520/06, 220/012 и 4/2015) ја свикувам 20-тата седница на Советот на Општина Кочани за 14.11.2022 година (понеделник) во 09:00 часот, во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог- програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- програма за изградба на јавно осветлување во општина Кочани за 2023 година.
- Предлог- програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2023 година.
- 8. Предлог- план на програми за развој на општина Кочани за период 2023-2025.
- Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на м3 геотермална вода,
- Предлог- одлука за давање на стопанисување на јавното осветлувањена подрачјето на Општина Кочани.