В понеделник, 14 ноември 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 20. редовна седница.

Предлог-дневниот ред ги содржи следниве точки:

  1. Годишна програма за организација и изведување екскурзии, излети и други воннаставни активности за учебната 2022/23 на ООУ „Крсте Мисирков“ во с. Оризари – Кочани
  2. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  3. Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година
  4. Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  5. Предлог-програма за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
  6. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  7. Предлог-програма за изградба на јавно осветлување во општина Кочани за 2023 година
  8. Предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2023 година
  9. Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за период 2023 – 2025 година
  10. Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
  11. Предлог-одлука за давање на стопанисување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Кочани
  12. Локален акциски план за подобрување на состојбата на ромската заедница на локално ниво во Општина Кочани, 2023 – 2026 година
  13. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општин Кочани за 2022 година
  14. Збирен извештај – елаборат за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и пожари што го зафатија подрачјето на Општина Кочани на 2 и 3 август 2021 година