В петок, 30 септември 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 18. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:
- Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2021/2022 година
- Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2022/2023 година
- Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година
- Извештај за работењето на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2021/2022 година
- Предлог-програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2022/2023 година
- Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
- Предлог-одлука за давање на времено користење на делови од недвижна ствар без надоместок на Министерството за одбрана – Одделение за одбрана Кочани
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс)
- Полугодишна информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани за првото полугодие од 2022 година
- Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салите во градот Кочани дадени на користење и управување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани и ОУ „Никола Карев“ – Кочани
- Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
- Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на СОУ „Гошо Викентиев – Кочани од основачот
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на OОУ „Никола Карев“ – Кочани
- Иницијатива за изработка на Физибилити студија за основање јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија
- Иницијатива за развој и примена на системско и одржливо решение за обезбедување храна за лицата кои живеат во сиромаштија како и достава на храна до тешко подвижни лица.