Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани  („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 18-тата седница на Советот на Општина Кочани за 30.09.2022 година, (петок), со почеток во 09.00 часот, во салата на Мултикултурниот центар, со следниот предлог за

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2021 -2022 година,
  2. Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2022 – 2023 година,
  3. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2023 година,
  4. Годишен план за вработување на ООМУ„Ристо Јуруков“ Кочани за 2023 година,
  5. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2023 година,
  6. Извештај за работењето на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“- Кочани за 2021-2022 година,
  7. Предлог- програма за работа на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“- Кочани за 2022-2023 година,
  8. Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на м3 геотермална вода,
  9. Предлог- одлука за давање на времено користење делови од недвижна ствар без надоместок на Министерството за одбрана-Одделение за одбрана Кочани,
  10. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс),
  11. Полугодишна информација за состојби и условии во кои се одвиваше работата на ОВР-Кочани за првото полугодие од 2022 година.
  12. Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салите во градот Кочани дадени на користење и управување на ОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Кочани и ОУ „Никола Карев“ – Кочани,
  13. Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во  СОУ„Гошо Викентиев“-Кочани
  14. Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во  ОУ „Малина Попиванова“- Кочани.
  15. Предлог- Решение за рарешување и именување член на Училишен одбор на СОУ„Гошо Викентиев Кочани од основачот,
  16. Предлог- Решение за рарешување и именување член на Училишен одбор на OОУ„Никола Карев“- Кочани.
  17. Иницијатива за изработка на Физибилити студија за основање јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија.
  18. Иницијатива заразвој и примена на системско и одржливо решение за обезбедување храна за лицата кои живеат во сиромаштија како и достава на храна до тешко подвижни лица.