Делови од Градскиот парк пробно беа чистени со вода под висок притисок.
Стручните служби од Општина Кочани известуваат дека машинското чистење со воден притисок на површини во Градскиот парк се покажа успешно, за разлика од претходно користените машини за чистење на гранитните плочки во Трговскиот центар.
Пробно беа исчистени делови од Детското игралиште во Градскиот парк, како и споменикот на Никола Карев.
Според најавите, Општина Кочани ќе пристапи кон јавна набавка на индустриски вап-машини со кои континуирано ќе се одржува хигиената на јавните подни површини.