Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 16-тата седница на Советот на Општина Кочани за 31.08.2022 година, (среда), со почеток во 09.00 часот, во салата на Мултикултурниот центар, со следниот предлог за

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Информација во врска со невремето и настанатите штети од невремето (поплавите) што го зафати Кочани на 24.07.2022 година,
  2. Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2021 -2022 година,
  3. Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2022 – 2023 година,
  4. Програма за изведување на ученичка екскурзија на учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани за учебната 2022/23 заверена со бр.03-296/2 од 22.06.2022 година,
  5. Измена и дополнување на статутот на ООМУ„Ристо Јуруков“- Кочани
  6. Измена на годишниот план за вработување на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Кочани за 2022 година,
  7. Измена на Годишен план за вработување на СОУ„Гошо Викентиев“-Кочани за 2022 година,
  8. Годишен план за вработување на ООМУ„Ристо Јуруков“ Кочани за 2023 година,
  9. Годишен план за вработување на ООУ„Никола Карев“ Кочани за 2023 година,
  10. Годишен план за вработување на ООУ„Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари Кочани за 2023 година,
  11. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2023 година,
  12. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2023 година,
  13. Давање согласност за згрижување на поголем број на деца , односно помал број на деца во воспитните групи во ЈОУДГ„Павлина Велјанова“- Кочани,
  14. Предлог- одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани,
  15. Давање согласност за формирање паралелки со помал број на ученици и комбинирање на паралелки во општинските основни и средни училишта .
  16. Извештај за финансиското работење на КЈП„Водовод“ Кочани во период од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година (втор квартал),
  17. Полугодишен извештај за работењето на КЈП „Водовод“ Кочани за период од 01.01.2022-30.06.2022 година,
  18. Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на КЈП „Водовод“ Кочани бр.02-247/1 од 15.7.2022 година,
  19. Предлог- одлука за давање движни ствари на трајно користење без надоместок на КЈП„Водовод“- Кочани,
  20. Предлог- одлука за давање движни ствари на трајно користење без надоместок на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани,
  21. Социјален план на општина Кочани 2022-2025.
  22. Информација во врска со проектот за изградба на дом за стари лица во општина Кочани,
  23. Предлог- одлука организирање и дефинирање на услови за доставување на стока,
  24. Предлог- одлука за изменување на Одлуката за основање на јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување,
  25. Предлог- одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Кочани за 2022 година,
  26. Предлог- решение за разрешување и именување на членови на управен одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани,
  27. Предлог- Решение за рарешување и именување член на Училишен одбор на СОУ„Гошо Викентиев Кочани од основачот,
  28. Предлог- одлука за утврдување на приоритет  и сопствено учество – кофинансирање на проектот  „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“
  29. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и условите за користење на службените возила, сопственост на Општина Кочани и полнење на гориво за потребите на Општина Кочани

Информација за измените и дополнувањата на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2022 година.