Денеска, 25 август 2022 година, на повеќе објекти во градот Кочани се забележани вандалски постапки со лепење фотографии со текстови и со обележја на бугарски симболи.

Општина Кочани најостро ги осудува ваквите постапки и бара од МВР – ОВР – ПС Кочани да ги прегледаат сите видеонадзори на околните објекти за да ги пронајдат сторителите и да преземат мерки согласно закон.

 

Општина Кочани

Градоначалник,

Љупчо Папазов