На 24 август во Грдовци беше промовирана монографијата „Грдовци во XIX и XX век – да не се заборави“ од авторот Круме Георгиевски.

Промотори беа Валентин Захариев и Славица Цветкова, кои го истакнаа значењето на делото издадено по долгогодишни истражувања и систематизирање на материјалот.

Според авторот, во книгата доминираат етнолошките податоци, а сместени се и информации и содржини од други области.

Монографијата за Грдовци од авторот Круме Георгиевски е печатена со финансиска поддршка од Општина Кочани.