Врз основа на член 11, член 30, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и бр.35/18), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-868/1 од 27.04.2016 година), Правилник за изменување и дополнување на на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-2069/1 од 22.11.2017 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-898/1 од 04.04.2018 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-1336/1 од 04.06.2018 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.04-1680/1 од 18.07.2018), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.04-2377/1 од 08.11.2018 година), Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-1018/1 од 07.04.2021 година) и Правилник за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-1273/1 од 03.06.2022 година), Општина Кочани објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С БР.01/2022
за унапредување на 2 административни службеници во
Општинската администрација на Општина Кочани
Општина Кочани, објавува Интерен оглас за унапредување на 2 (два) административни службеници, за работно место:
(1)Советник за урбанистичко и просторно планирање во Одделение за урбанизам и заштита на животната средина во Сектор за урбанизам, заштита на животната средина и комунални работи, шифра УПР 01 01 В01 000 – 1 извршител, на неопределено работно време кој ќе ги врши работните задачи за определеното работно место, со нето плата 26.576,оо денари;
Општите услови утврдени со Законот за административни службеници, друг посебен закон или колективен договор кои треба да ги исполнуваат кандидатите за административни службеници се:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, урбанизам и планирање
– со најмалку три години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- учење и развој;
- решавање проблеми и одлучување на работи од својот делокруг;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
- финансиско управување.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 07:30 до 15:30
(2) Советник за примена на прописи, постапки и стандарди за човечки ресурси во Одделение за управување со човечки ресурси, шифра УПР 01 01 В01 000 – 1 извршител, на неопределено работно време кој ќе ги врши работните задачи за определеното работно место, со нето плата 26.576,оо денари;
Општите услови утврдени со Законот за административни службеници, друг посебен закон или колективен договор кои треба да ги исполнуваат кандидатите за административни службеници се:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Политички науки или Правни науки
– со најмалку три години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- учење и развој;
- решавање проблеми и одлучување на работи од својот делокруг;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
- финансиско управување.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 07:30 до 15:30
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Кочани, кој покрај општите и посебните услови за пополнување на работното место треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работното место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место,
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.
Кандидатите кон Пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и / или
- потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за пријавување на Интерниот оглас е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Кочани адреса: ул.Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани до Одделението за управување со човечки ресурси и до електронската адреса: hr@kocani.gov.mk
Ненавременета, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување, а кандидатот кој ќе внесе лажни податоци, ќе биде дискфалификуван од натамошната постапка по овој оглас.
Во Пријавата кандидатите се должни под матерјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријатата се точни, а доставените докази верни на оргиналот.
Линк до Одлука за избор на кандидат за унапредување на административен службеник