Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 10-та седница на Советот на Општина Кочани за 28.04.2022година, (четврток), со почеток во 09.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2021 година;
- Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Источен плански регион за 2021 година;
- Предлог-одлука за основање на јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување.
- Измена на Годишен план за вработување за 2022 година на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Кочани
- Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Кочани
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ Кочани во период од 01.01. до 31.12.2021 година
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ Кочани за 2021 година.
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ Кочани за период од 01.01. до 31.03.2022 година, со финансиски показатели.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2021 година
- Програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2022 година
- План за изменување на План за програми за развој 2022-2024
- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022година
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за период I квартал 2022 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс)
- Одлука давање на користење без надоместок на движни ствари-таблети на општински основни училишта
- Финансиски извештај за приходи и расходи во изборна кампања за локалните избори во 2021 година за Либерално-демократската партија.