В четврток, на 28 април 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи десеттата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2021 година
  2. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2021 година
  3. Предлог-одлука за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување
  4. Измена на Годишниот план за вработување за 2022 година на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
  5. Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
  6. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во периодот од 01.01. до 31.12.2021 година
  7. Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2021 година
  8. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 31.03.2022 година, со финансиски показатели.
  9. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на  заштитата на животната средина во 2021 година
  10. Програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2022 година
  11. Програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2022 година
  12. Програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2022 година
  13. План за изменување на Планот за програми за развој 2022 – 2024
  14. Програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
  15. Програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  16. Програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022 година
  17. Програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
  18. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за I квартал 2022 година
  19. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс)
  20. Одлука за давање на користење без надоместок на движни ствари-таблети на општински основни училишта
  21. Финансиски извештај за приходи и расходи во изборната кампања за Локалните избори во 2021 година за Либерално-демократската партија.