Синоќа во Мултикултурниот центар во Кочани со почеток во 20:00 часот беше одржана Јавна трибина во врска со реализација на проект – Изградба на платформа за катна гаража на „Големиот паркинг“ во Градскиот Трговски Центар – Кочани.
На одржаната јавна дебата беа присутни граѓани, сопственици на дел од дуќаните во ТРГ, претставници на невладини организации, но во значително помал број од очекуваниот.
Јавната дебата беше организирана за да се слушнат мислењата на граѓаните и присутните, со цел заедничко решавање на постоечките проблеми.