Денеска во посета на Општина Кочани беше амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман.

Во текот на денот, заедно со градоначалникот на Општина Кочани беа посетени Осоговските Планини, Инфо Центар – Пониква, проследено со кратка прошетка и запознавање со туристичките потенцијали кои ги поседува Пониква како заштитено подрачје.

Беше остварена и посета на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци, чијшто проект е финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО. Тамошната посета беше проследена со презентација за работата и придобивките од функционирањето на станицата.