Завршени се градежните активноси на изградбата на разделното зеленило на булеварот „Тодосија Паунов“.
Станува збор за изградба на разделно зеленило во должина од 1.350 метри. Изведувач на работите е фирмата „Примаградба“ Доо Штип.
Во периодот кој следува останува доуредување на зеленилото на дел од наведените површини од страна на КЈП „Водовод“.