РСБСП, Општина Кочани, Младински локален совет Кочани и МВР ПС Кочани, со цел подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот во Кочани, денеска реализираа активности како дел од превентивната кампања -„Носи кацига, вози безбедно!“.

Кампањата се реализираше за велосипедисти, мопедисти и возачи на електрични тротинети, бидејќи во овој временски летен период зголемен е бројот на овие учесници во сообраќајот.

Целта на оваа кампања е овие превозни средства да бидат соодветно означени, возачите да ги почитуваат правилата и прописите и задолжително да носат заштитен шлем – кацига, а возачите на електричен тротинет задолжително треба да носат рефелектирачки елек од почетокот на самрак до разденување.

Во склоп на денешната активност беше остварена и работна средба во просториите на Општина Кочани помеѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, претседателката на РСБСП Гордана Коживаровска во присуство на претставници од МВР ПС Кочани. Беа разгледани идните можни активности кои би се преземале за зголемена внимателност и одговорност на сите учесници во сообраќајот.