Синоќа, 27 јуни 2022 година беше спроведена превентивната терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани.
Од 19 ч. до 1 часот по полноќ се изврши прскање против комарци од земја на површина од 300 хектари на подрачјето во градот Кочани и во селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третманот против комарци го реализираше стручна екипа на „Лиса ком“ од Кавадарци, а беше употребен широкопојасен инсектицид, одобрен од Бирото за лекови.