На 28.6 во 20 часот во ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани ќе се одбележи јубилејот – 70 години од првиот македонски игран филм „Фросина“.

Стручно излагање ќе има Сунчица Веселинова, виш филмолог. Ќе биде поставена и изложба на фотографии од филмот, како и изложба на дел од библиотечниот материјал на Кинотека на Северна Македонија.

На 28.6 во 19:30 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, „Музички времеплов со звуците на 12 жици“ на Ангелина Павлова со гудачкото трио „Musica viva“.

На 29.6 во 18 часот во Трговскиот центар во Кочани, Хуманитарен настан, со учество на многу музички групи и изведувачи.