Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кочани, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 06.06.2022 година се објавува:

ЈАВЕН     ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа СДЦ Компонента

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект Општинско корисна работа   “ЗАЕДНО“  за работно ангажирање со скратено работно време од 3 (три) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување од Кочани.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 3 месеци во кој влегува работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на  работниот ангажман статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • лица со попреченост
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: 6 (шест) лица –негуватели за лица со попреченост (ССС/основно образование)

Пружање  услуги во домашни услови: помош  во набавка на производи за домаќинството, лекови, помош  во плаќање на сметки, придружба за прошетки, за  одење на болница, придружба  во обавување  на други потреби на корисникот, разговор со него, помош околу одржување  на  хигиена  во домот, помош околу  подготовка  на храна и сл.

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани  во периодот од 06.06.2022 година до 13.03.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина КОчани  и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина КОчани кај лицето Аника Илијевска Ѓорѓиева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани  кај лицето Ацо Серафимов,  Центар за социјлна работа Кочани кај лицето Зага Андонова.