В  четврток, на 9 јуни 2022 година, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи тринаесеттата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Информација за работењето на Општинската организација на Црвен крст – Кочани и Програма за работа за 2022 година
  2. Годишен план за вработување на ООУ „Никола Карев“ – Кочани за 2023 година
  3. Годишен план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за 2023 година
  4. Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
  5. Предлог-одлука за измена на распоред на средствата од Буџетот на Општина Кочани за 2022 година.

Седницата ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар.