Вчера во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 18:00 часот, се одржа Јавна трибина во врска со загаденоста на воздухот, водата и почвата како последица од работењето на фабриката Пејпер Мил во Кочани. На јавната трибина беа поканети и присуствуваа сите заинтересирани граѓани, институции, невладини организации, членови на Советот на Општина Кочани, градоначалникот, како и вработени во Локалната самоуправа. Присутни беа и претставници од Државниот инспекторат за животна средина.
Дел од присутните, претставници на граѓански здруженија и еко-активисти зедоа збор со свое излагање, се со цел ефикасно и побрзо решавање на проблемот со загаденоста на воздухот.
Од одржаната трибина ќе произлезат конкретни заклучоци и барања кои ќе бидат упатени кон надлежните институции.