Градоначалникот на Општина Кочани заедно со вработени од општинската администрација, вчера одржaа работен состанок со невладината организација Стартап Македонија. Oваа организација работи со цел да ги обедини чинителите во екосистемот, стартапите, основачите и инвеститорите, со цел иновациите да бидат претворени во успешни бизниси.

На работниот состанок претставниците од Стартап Македонија ги презентираа нивните активности и беа разгледани можностите на Општина Кочани за заедничка идна меѓусебна соработка, во однос на организирање настани за мотивација на млади претприемачи и стратап компании, како и креирање политики насочени кон младите амбициозни претприемачи.