Вчера, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во Мултикултурниот центар даде отчет пред граѓаните за сработеното и активностите во неговите први 100 дена од мандатот.
Презентираниот отчет за изминатиот период ги содржи отпочнатите бројни проекти од различни области, дел од нив и со посебно капитално значење, работни активности во делот на инфраструктурата и комуналните работи, како и продолжување и довршување на затекнатите и наследени проекти. Остварени се повеќе средби во насока на обезбедување на партнерска поддршка, а презентирани беа и приотиретните проекти во 2022 година.
Целокупниот отчет со сите детално претставени проекти и активности за 100-те дена отчет е достапен на следниот линк.