Вчера, во Мултикултурниот центар на јавната трибина наменета за изградба на дом за престој на незгрижени лица, намена А3 – групно домување за Старата касарна или лица од социјален ризик од општината, жителите на урбанистичиот дел Градска четврт 5 во Кочани дадоа позитивно мислење во врска со предложената нова локација.

На јавната трибина присутни беа и претставници од невалидините организации, а од страна на стручните служби од Локалната самоуправа присутните беа запознаени со новата локација за изградба на објектите за домување. Површина од 9113 метри квадратни и истата е лоцирана од десната страна на патот пред Фабриката за вода. Предложената локација доби позитивно мислење од страна на граѓаните.

Присутните беа во можност да поставуваат прашања до стручните служби, како и да даваат свои мислења и сугестии.