На 33 редовна седница, Советот на Општина Кочани го избра Горан Велковски за командир на Полициската станица од општа надлежност – Кочани.

Советот даде согласност на Статутот, Правилникот за внатрешна организација на работни места и на Правилникот за систематизација на работните места на Детската градинка „Павлина Велјанова“- Кочани.

Членовите на Советот ги утврдија измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 8, а донесоа и урбанистичко-планска документација за промена на неколку траси на сообраќајната инфраструктура во Кочани и Оризари.

Советот расправаше и по информацијата за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани. Опозициската советничка група во своите дискусии ја истакна потребата од поквалитетна изведба и побрза санација на ископите на патната мрежа во градот, направени со проектот за изведба на атмосферска канализација.