Во тек се активностите за поправка на оштетената опрема на отворените спортски терени во Кочани.

Градежната фирма „Имако“ од Гостивар поставува обрачи за кошеви и мрежички за нив, ги поправа заштитните мрежи на оградите, поставува нови мрежи за голови.

Горан Ивановски, од Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани, соопшти дека се поставува нова вештачка трева на оштетените места во фудбалското игралиште во дворот на Гимназијата, оштетните кошаркарски табли се заменуваат со нови, а ќе се поправат и металните стативи.

За поправките во петте повеќенаменските игралишта ќе бидат наменети близу 170 илјади денари, средства од Буџетот на Општина Кочани.