Врз основа на член 33 став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на општина Кочани(“Сл.гласник на општина Кочани”бр.5/06 и 2/012) ја СВИКУВАМ 35-та седница на Советот на Општина Кочани за 31.8.2015 година (понеделник), со почеток 9 и 30 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за
Дневен Ред
2. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за период I I квартал 2015 година.
3. Предлог-Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2015 година.
4. Предлог-Одлука за давање под закуп на ствари во општинска сопственост.
5. Предлог-Одлука за давање нафтени деривати на КЈП „Водовод“ – Кочани за чистење на речните корита на подрачјето на Општина Кочани
6. Предлог-Заклучок за утрврдување на изменување и дополнување на блок 2 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 , зона на лесна индустрија и мало стопанство, Општина Кочани нацрт план 2015-2020.
7. Предлог-Заклучок за утрврдување на изменување и дополнување на дел од блок 7 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 , зона на лесна индустрија и мало стопанство, Општина Кочани нацрт план 2015-2020.
8. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место за спортско рекреативен центар Пониква Општина Кочани .
9. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички плановина подрачјето на Општина Кочани за 2015 година