Врз основа на член 33 став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на општина Кочани(“Сл.гласник на општина Кочани”бр.5/06 и 2/012) ја СВИКУВАМ 32-та седница на Советот на Општина Кочани за 26.6.2015 година ( петок), со почеток 9 и 30 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за

Дневен Ред
1.Избор на Командир на Полициска станица од општа надлежност-Кочани

2. Давање согласност на Статутот на Јавната општинска установа за деца- Детска градинка„Павлина Велјанова“-Кочани.

3.Давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работни места на Јавната општинска установа за деца- Детска градинка„Павлина Велјанова“-Кочани.

4.Давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места на Јавната општинска установа за деца- Детска градинка„Павлина Велјанова“-Кочани.

5.Предлог- Заклучокза утрврдување на Изменување и дополнување на детален урбанистички план за дел од УЕ 8, дел од блок 2, Општина Кочани нацрт план.

6.Предлог- Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.5755/4 КО Оризари и КП бр.5755/3 КО Оризари; промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.14412/1 КО Кочани; промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.14412/1 КО Кочани КП бр.1771 КО Горни Подлог; промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.5627/2 КО Оризари и КП бр.5626 КО Оризари.

7.Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.5755/4 КО Оризари и КП бр.5755/3 КО Оризари.

8.Предлог- Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.973 КО Лешки; за КП бр.8300/1 КО Кочани и КП бр.8300/2 КО Кочани; за КП бр.917 КО Лешки; за КП бр.1273 КО Прибачево; за КП бр.49 КО Полаки; за КП бр.917 КО Лешки.

9.Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани.