Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, заедно со претставници од задолжените изведувачи за проектот за изградба на потисен цевковод, во просториите на општинската зграда на Општина Кочани го одржаа почетниот состанок за изградба на потисниот цевковод од Грдовски Oрман до Клучка 1. Проектот ќе се реализира во должина од 2,2 км.
Со реализација на овој проект ќе се доврши веќе започнатата промена на главниот потисен цевковод, со што загубите на водата за пиење во голема мера ќе се намалат, а ќе се подобри и квалитетот на водата.
За средината на месецот е најавена промоција, со што ќе стартува реализацијата на проектот, кој е финансиран од донација, како и од средства на општинскиот буџет.