– Ви посакувам успешна работа и очекувам при донесувањето на одлуките да се раководите од јавниот интерес, а не од личните и партиските интереси – истакна во своето прво обраќање претседателот Митев.
На првата седница, по предлог на Комисијата за мандатни прашања, беа формирани 11 комисии: Комисија за комунални работи, планирање, уредување на просторот и заштита на животната средина и на природата; за култура, образование, спорт и права на децата; за месна самоуправа и граѓански иницијативи; за здравство и социјална заштита; за статут и прописи; за прекугранична соработка; за финансии, буџет и локален економски развој; за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита и за еднакви можности на жените и мажите.
Следната седница на Советот е закажана за в понеделник, 14 ноември 2021 г., кога на дневен ред ќе се најде и ребалас на Буџетот на Општина Кочани.