На 15 ноември 2021 г., со почеток во 12 ч., во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи втората седница.

На предлог-дневниот ред се наоѓаат 16 точки:

  1. Предлог-програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  2. Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
  3. Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  4. Предлог-програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  5. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  6. Предлог-програма за јавно осветлување во општина Кочани за 2022 година
  7. Предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2022 година
  8. Предлог-програма за изградба и реконструкција на коритото на Кочанска Река за 2022 година
  9. Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за период 2022 – 2024
  10. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  11. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
  12. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2021 година
  13. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на коритото на Кочанска Река за 2021 година
  14. Предлог-програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2021 година
  15. Предлог-план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023
  16. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година (ребаланс).