Врз основа на член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека се организира Јавна презентација и јавна анкета по Изменување и дополнување на Урбанистички План Вон Населено Место за стопански комплекс за откуп, примарна и финална обработка на земјоделски производи, м.в. “ЌЕРАМИДНИЦА” КО КОЧАНИ, за блок број 1, Општина Кочани, плански период 2021-2026 предлог план со Технички број 03-96/2021 од јули 2021, со површина 20,38 ха, изработен од ДПТУИ ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица.
Изменување и дополнување на Урбанистички План Вон Населено Место за стопански комплекс за откуп, примарна и финална обработка на земјоделски производи, м.в. “ЌЕРАМИДНИЦА” КО КОЧАНИ, за блок број 1, Општина Кочани, плански период 2021-2026 го опфаќа блок 1 ,дефиниран со УПВНМ со проширување на југозападната страна. Планскиот опфат е дефиниран со следните граници:
-од северната страна границата е по осовина на магистралниот пат М5 Штип-Делчево
-од источната страна граница е по границата на блок1,,
-од јужната страна границата е по осовина на ,, Кочанска река,, и по катастарски парцели, и профил на индустриска улица 1.
-од западнта страна границата е по осовина на ,,Железничка пруга,,.
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по
Изменување и дополнување на Урбанистички План Вон Населено Место за стопански комплекс за откуп, примарна и финална обработка на земјоделски производи, м.в. “ЌЕРАМИДНИЦА” КО КОЧАНИ, за блок број 1, Општина Кочани плански период 2021-2026 предлог план, ќе се одржи на ден 30.08.2021г. со почеток во 1100 часот во салата на советот на Општина Кочани.
ЈАВНА АНКЕТА по Изменување и дополнување на Урбанистички План Вон Населено Место за стопански комплекс за откуп, примарна и финална обработка на земјоделски производи, м.в. “ЌЕРАМИДНИЦА” КО КОЧАНИ, за блок број 1, Општина Кочани предлог план ќе трае 32 дена , а ќе се спроведе во периодот од 20.08.2021 год. до 20.09.2021год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од урбанистичкиот план ќе биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани, на веб страната на општината www.kocani.gov.mk., а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќеможат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1 кат во општинската зграда.