Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 59-тата седница на Советот на Општина Кочани за 30.06.2021 година, (среда), со почеток во 08.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани,  со следниот предлог за

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Предлог- план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година.
  2. Годишен план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани за 2022 година.
  3. Годишен план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“- Кочани за 2022 година.
  4. Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“- с. Оризари-Кочани за 2022 година.
  5. Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“-Кочани за 2022 година.
  6. Предлог- одлука за продолжување на работното времена угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани.
  7. Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање  на проектот од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2).
  8. Предлог- одлука за изменување  на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање  на проектот „ Изградба на локален пат  мв.Крушка – мв.Ајдар втор дел “.
  9. Предлог- одлука за давање на трајно користење  недвижна ствар, сопственост на Општина Кочани, без надоместок на ООМУ„Ристо Јуруков“- Кочани.