По подолга пауза предизвикана од здравствената криза, Здружението на пензионерите – Кочани одржа редовна седница на Собранието.
На седницата пензионерите ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, кој повика да продолжат со сериозниот пристап во нивното дејствување, онака како што тоа го правеле секогаш.
– Последиците што сите ги понесовме од пандемијата нека бидат поука да останеме понатаму претпазливи за сопственото и за здравјето на другите. Намалениот интензитет на работа може да се замени со редовни активности доколку дозволуваат условите за тоа. Ние сме подготвени и натаму да ги поддржуваме иницијативите што доаѓаат од ова масовно здружение на граѓаните во третата доба – рече Илијев во поздравното обраќање до пензионерите.