На 28 мај 2021 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 57. редовна седница. На предложениот дневен ред се наоѓаат 30 точки:
- Информација за работењето на општинската организација на Црвен крст – Кочани за 2020 година и Програма за работа за 2021 година
- Информација за состојбата со боровиот четник на подрачјето на општина Кочани
- Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-спогодба за раскинување на Договор за закуп, склучен помегу: Општина Кочани и Трговец поединец за извршување сметководствени работи „Гала консалтинг“ Лиљана Доне Атанасова ТП Кочани
- Годишен план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2022 година
- Барање согласност од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за поголем број деца во воспитна група до двегодишна возраст
- Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од Ротари клуб Кочани-Виница
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за изведување на скулптурата „Вилино коњче“
- Предлог-одлука за вршење техничка исправка на Деталниот урбанистички план за ГП А105.3, односно КП 16403/2, ГП Г 4.5, односно КП 16053/30 и ГП Г4.6, односно КП 16053/31, КО Кочани од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (Донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998година)
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023
- Предлог-план за изменување на Планот за вработување на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-план за вработување на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година (ребаланс)
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-решение за изменување на Решението за именување членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Кочани
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Комисијата за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Комисијата за култура, образование и спорт и права на децата
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за формирање Комисија за утврдување предлози за изменување на грбот и знамето на Општина Кочани
- Информација за состојбата со дивоградбите во општина Кочани за период од 01.01.2011година до 31.12.2020 година
- Предлог-заклучок за определување висина на финансиски средства за финансирање на Драмски аматерски фестивал (ДАФ) – Кочани во 2022 година
- Информација за состојбата со коронавирусот Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани.