Улицата „Искра“ – крак исток, во населбата Усова Чешма наскоро ќе се асфалтира.
Стручните служби од Општина Кочани информираат дека овој крак од „Искра“ е со должина од 200 м и ширина 5 м. Претходно, на овој потег се уредуваа канализациските шахти и се изградија потпорни ѕидови. Од двете страни на улицата се изградени и тротоари со вкупна површина од 481 квадратен метар, поплочени со павер елементи.
Во завршна фаза е и улицата „Борис Ефремов“, во населбата Варница, каде се изгради потпорен ѕид чија ширина во основата е до 2 м. Сложената ситуација на теренот проследена со отежнителни околности го продолжија асфалтирањето, кое се најавува за оваа седмица.
„Борис Ефремов“ е една од седумте улици што се изградија со средства од Буџетот на Општина Кочани во кои се и: „7 Септември“, кракот 2 од „Искра“, „9 Мај“, „Васил Главинов“, „Крум Вранински“ и „565“ во Лесна индустрија.
Засилено се одвиваат работите и на улицата „Кирил и Методи“, чија изградба ѝ даде урбан лик на уште една населба од северниот дел на Кочани. На улицата „Кирил и Методи“ во наредниов период ќе се асфалтираат четири крака во вкупна должина од 732 метри.